Español

Македонски

English

 

ВЕРУВАЊЕ НА ЕВАНГЕЛСКА ЦРКВА - НЕГОТИНО

 

 Верување во Евангелска црква Неготино

Веруваме дека Библијата (Светото Писмо), која е составена од 66 канонски книги, е безгрешна и целосно надахната од Бог. Веруваме дека таа го објавува Бог и Неговиот план за спасение на човештвото. Библијата ја препознаваме како темел на нашата вера.

Веруваме дека постои само еден Бог, кој е Создател на се што постои (видливо и невидливо) и Кој се објавува во три лица: Отецот, Синот и Светиот Дух.

Веруваме дека Исус Христос е Божји Син, Кој е еднаков со Бога. Веруваме дека Тој беше роден од девица, живееше совршен и безгрешен живот, беше распнат на крст, за да ја плати казната за нашите гревови, но по три дена воскресна и се вознесе на небото. Сега Тој седи оддесно на Небесниот Татко и посредува за нас, во молитва.

Веруваме дека сите луѓе се грешни, поради што се наоѓаат под Божја осуда и гнев. Токму поради гревот, настапи смртта и физичката и духовна одвоеност од Бог.

Веруваме дека секој човек може да биде спасен од Божјиот суд, очистен од неговите гревови и да го обнови заедништвото со Бог, доколку се покае за своите гревови и го прифати Исус Христос, како свој Господ и Спасител.

Веруваме во светост и праведност на верникот. Оваа праведност на верникот му се дава како Божја благодат заради жртвата на Христос, се прима само преку вера и се манифестира преку плодот на Духот и светиот живот.

Веруваме дека секој кој поверувал во Исус Христос, треба да се крсти во вода и да земе учество во Господовата трпеза-Причеста.

Веруваме во една, Христова Црква, која е составена од сите оние кои му припаѓаат на Исус Христос и заедно се собираат за да го слават Неговото Име.

Веруваме во Светиот Дух и духовните дарови, кои Тој и денес ги дава на црквата, преку кои се пројавува силата и мудроста Божја.

Веруваме дека главната мисија на Црквата е да го проповеда Евангелието (радосната вест) по целиот свет, на секој човек и секој народ, за спасение на секој што ќе се покае и ќе поверува во Христос.

Веруваме дека Исус еден ден ќе се врати повторно, за да му суди на светот и да го воспостави Своето Царство, за да владее во моќ и слава.

Веруваме во воскресение на мртвите, едни-за вечни маки во пеколот, а други-за вечен живот во небото (рајот), каде што ќе нема болести, тага и смрт.

 

 

Временска прогно-
за за Неготино

Временска прогноза за Неготино



СУБСКРИПЦИЈА
Е-пошта *

Симни Билтен

 

 Кликни овде ако ти се допаѓа нашиот сајт
 

 

 

Free Web Hosting