| |
ДЕНОВИ НА НАДЕЖ
|
.jpg)
|
|
Почнувајќи од 2008, Секоја година по ред, Евангелска Црква-Неготино организира
манифестација наречена „Денови на Надеж“. Оваа манифестација секогаш се одржува во втората
половина на месец мај, во соработка со останатите Евангелски Цркви во Македонија и со
хр.орг. “ConvoyofHope” (Конвој на Надеж) од Америка.
МАНИФЕСТАЦИЈАТА ГИ СОДРЖИ СЛЕДНИВЕ
ДЕЛОВИ:
|
|
|
СОЦИЈАЛЕН ДЕЛ
Во социјалниот дел се вклучени проекти кои се од корист за целиот град, како на
пример: чистење на улиците, средување на малите паркови, фарбање клупи или огради на мостови,
пакети со храна-за сиромашните семејства, бесплатни лекарски прегледи... и
др.Сите овие активности се изведуваат со
помош на волонтери од редовите на Евангелска Црква во Р.М. или странски тимови, кои се
дојдени специјално за манифестацијата.
|
| |
|
 |
КУЛТУРЕН ДЕЛ
Програмата од областа на културата, вклучува кино проекции, концерти, театарски
престави за деца, турнир во табла, промоција на книги...и слично. Интересот за овие настани,
постојано расте и секоја година се трудиме да вметнеме некој нов настан.
|
| |
|
 |
ДУХОВЕН ДЕЛ
Духовниот дел во оваа манифестација се состои од Христијанска програма со песни и
проповед, во која секој може да ја слушне пораката на евангелието. Исто така, посетителите
можат бесплатно да добијат Библија (Нов Завет) и друга христијанска литература. Освен тоа,
секој што има духовна потреба, може да разговара со некој црковните водачи или да побара тие
да се молат за него/неа.
|
| |
|
|
Местото на настаните (каде што е
поставен големиот шатор) е кај спортската сала во Неготино. Манифестацијата обично трае
три-четири дена и има огомна посетеност од луѓе од град Неготино и од околните
места.
|
 |
СИТЕ
НАСТАНИ СЕ БЕСПЛАТНИ И СЕКОЈ Е ДОБРЕДОЈДЕН |
 |
За повеќе
информации пишете ни и со задоволство ќе ви
одговориме |
|
|
Евангелска Црква -
Неготино Тел.+389 (0) 43 36 53 58 e.c.negotino@gmail.com
|
|
|