|
Евангелска Црква –Неготино, за време на Неделните
богослужби (секоја Недела од 11:00ч.) организира и Библиски часови за деца,
популарно наречени- „неделно училиште“.
Часовите се во посебни
училници/простории, со цел непречено да се одвива неделната богослужба и родителите да можат
со внимание да го слушаат Божјиот збор.
Неделното училиште за деца вклучува
разновидна програма, исполнета со песни, игри, библиски поуки, цртање, рачни изработки..и
др.
Повремено, за децата од неделното
училиште се организираат и прошетки и ексурзии на познати места во
Македонија.
|