Español

Македонски

English

 

АЛФА КУРС ВО ЕВАНГЕЛСКА ЦРКВА - НЕГОТИНО

 

 Алфа курс во Евангелска црква Неготино

 

Евангелската Црква-Неготино  започна со  "Алфа" курс,  во април 2006 год. и  од тогаш,  тој се одржува  секоја година.  "Алфа" веројатно е  најпопуларниот, христијански курс  во светот   вопоследните 10  години.  

Тој е одличен за млади верници, или луѓе кои сакаат да знаат повеќе за Христијанството. Овој курс нуди една средба неделно (за време од десет недели) и вклучува и оброк или нешто слатко, заедно со пијалок. Курсот се одвива во неформална и опуштена атмосфера во која можете и да поставувате прашања или да дискутирате на некоја тема.

На овој курс, ќе имате можност да научите за основите на христијанството и да добиете одговори на најчесто поставуваните прашања во врска со животот: Што е смислата на животот? Кој е Исус? Зошто постои зло и страдање во светот? Има ли живот после смртта? Дали христијанството е здодевно и релевантно?...и други теми.

На крајот, следува завршна прослава на која сите добиваат диплома и подарок.

 
Курсот е бесплатен и се финансира со донации
Ако сте заинтересирани да присуствувате на овој курс, ве молиме пишете ни, или јавете ни се и ние ќе ви дадеме повеќе информации за АЛФА курсот.


Временска прогно-
за за Неготино

Временска прогноза за Неготино



СУБСКРИПЦИЈА
Е-пошта *

Симни Билтен

 

 Кликни овде ако ти се допаѓа нашиот сајт
 

 

 

Free Web Hosting