ИСТОРИЈА НА ЕВАНГЕЛСКА ЦРКВА - НЕГОТИНО
 |
Евангелска Црква-Неготино е дел од Евангелска Црква во Р.Македонија
Официјалните почетоци на Евангелска Црква-Неготино се од 1999г. Во таа година,
Горан Илиев е ракоположен за пастор и заедно со неговото семејство, тој се
преселува во градот Неготино и црквата започнува со официјални богослужби, во
изнајмени простории. По една година, со Божја помош, се изнајдени финансии за
купување зграда во центарот на градот. Со тоа, Е.Ц.Неготино за прв пат се
здобива со свој сопствен објект (во 2001г.) и Богослужбите започуваат да се
одвиваат таму, иако официјалното отварање е дури во 2002г.
|
| |
|
|

|
Првото крштевање на верници од Неготино, се врши
летото, во 2001г. на брегот на реката Вардар. Со тоа спонтано, започува
традиција, во која секое лето се крштеваат група верници од Неготино
и Кавадарци, на истото место. Подоцна, во летото 2003, се поставуваат
првите старешини на црквата (Тодор Георгиев и Диме Наков) и со тоа
ц-та добива управно тело. Од нејзиниот
почеток до денес, Е.Ц.-Неготино продолжува да одржува редовни, неделни
богослужби, на кои се добредојдени сите кои сакаат да растат во
христијанската вера.
|
|
|